Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Лани 1.700 Македонци добиле бугарски пасош

Лани 1.700 Македонци добиле бугарски пасош

Софија, 5. февруари 2025 (ИНПРЕС) – Во текот на 2024 година, скоро 1 700 граѓани на Македонија добиле бугарски пасоши, продолжувајќи го трендот на барање подобри услови за живот во Европската унија. Ова го потврдува годишниот извештај за активностите на Комисијата за бугарско државјанство, објавен од бугарското радио БНР, кое се повикува на податоци од кабинетот на потпретседателката Илијана Јотова.

Според извештајот, во текот на минатата година вкупно 16 500 луѓе го добиле бугарското државјанство, што претставува зголемување од 4 000 во споредба со 2023 година. Најголем број апликации пристигнале од Украина (2 400 лица), следени од Турција (2 200) и Молдавија (1 800). Македонија е на четвртото место со скоро 1 700 нови бугарски државјани.

Извештајот исто така наведува дека интересот за бугарско државјанство продолжува да расте во регионот и пошироко. Во 2024 година биле издадени 227 декрети за промена на државјанство, а повеќе од 11.700 лица го добиле државјанството преку потекло или општа натурализација.

Истовремено, околу 4 500 лица го вратиле бугарското државјанство, додека за 38 апликанти процесот на натурализација бил прекинат поради различни нерегуларности, вклучувајќи и користење на фалсификувани документи. Одбиени се скоро 6 000 барања за бугарско државјанство. (Крај)

извор: Сител фото: архива

Post navigation

Previous Крводарителска акција во СВР Охрид
Next Следната недела втор владин повик за финанасирање инфраструктурни проекти, Општина Охрид планира да бара средства за проектот за Свињишки извори

Слични вести

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци? Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?
1 min read

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите
1 min read

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска „Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска
1 min read

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.