Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Лукаревска: Од утре започнува исплата на Мој ДДВ, 10 милиони евра кај граѓаните за првото тромесечје

Лукаревска: Од утре започнува исплата на Мој ДДВ, 10 милиони евра кај граѓаните за првото тромесечје


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Скопје, 4. мај 2023 (ИНПРЕС) – Заменик претседателката на СДСМ во интервју за емисијата „Утрински печат“ најави дека од утре започнува исплатата на Мој ДДВ за првото тромесечје, сега со зголемен лимит од 2.100 денари.

– За прв пат ќе исплатиме 2.100 денари кај сите оние кои преку скенираните сметки дошле до тоа ниво. Во текот на утрешниот ден веќе ќе бидат исплатени првите налози. Средствата што треба да се вратат преку оваа мерка за првото тромесечје се околу 10 милиони евра и тие средства се предвидени во буџетот. Ќе инсистирам секој почеток на тековна година да расте лимитот за поврат на ДДВ на физички лица, порача Лукаревска.

Осврнувајќи се на партиската активност „Рамо до рамо“ заменик претседателката Лукаревска истакна дека низ средбите со граѓаните, се слуша нивниот глас се ценат нивните коментари и забелешки, со цел да се подобри партиското работење.

– Со граѓаните разговараме отворено за сите нивни проблеми и потреби, ги слушаме нивните забелешки, добронамерни критики, слушаме што имаме реализирано, што имаме ветено а досега немаме реализирано, затоа и сме со граѓаните за повеќе да слушаме, а помалку да зборуваме и мислам дека до сега има добар одзив, порача Лукаревска, најавувајќи дека наскоро СДСМ ќе има и посебна, друга активност, каде ќе се презентираат досегашните реализирани проекти, како и почеток на подготовка на новата програма. (Крај)

извор: ТВ21 фото: архива

Post navigation

Previous Денеска и утре цела Струга без вода
Next Ракометен Куп на Македонија: Вардар вкрстува со Алкалоид, Пелистер игра со Пролет

Слични вести

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите
1 min read

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.