Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Македонија2025 доделува стипендии за четвртиот „Охрид камп за високотехнолошка извонредност“

Македонија2025 доделува стипендии за четвртиот „Охрид камп за високотехнолошка извонредност“

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Скопје/Охрид, 27. март 2024 (ИНПРЕС) – Македонија2025 отвори повик за доделување стипендии за четвртиот „Охрид камп за високотехнолошка извонредност“, што ќе се одржи од 7-ми до 13-ти јули.

Кампот за високо-технолошка извонредност е еднонеделна програма за напредни вештини по роботика и кодирање, кој и овој пат ќе содржи комбининација на традиционална летна забава со можност за учење, заедничко вежбање и споделување на искуства за кодирање и роботика. Преку посветеност и натпревар на идеи, фокус на решавање проблеми, чувство на акција, размислување out-of-the-box и тимска работа ќе ги охрабриме и поттикнеме учесниците да постигнат мотивирачки резултати и да креираат прототип на производ/идеја.

– Предизвиците кои ќе бидат поставени пред учесниците се во корелација и решаваат проблеми поврзани со Целите за одржлив развој на Обединетите нации. Оваа година (2023 – 2024), темата на FIRST® LEGO® Лигата, Натпреварот за едукативна роботика е креативниот спој на уметноста и технологијата во процесот на создавање ремек дело (MASTERPIECE предизвик), преку изнаоѓање уникатни решенија за реалниот живот. Дополнително, во време на доминација на технологијата, ќе се обидеме да ја подобриме сајбер писменоста преку промовирање на свеста и разбирање за важноста на сајбер-безбедноста и сајбер-булингот кај децата и зајакнување на нивното знаење како да се заштитат себеси, велат организатотите.

На учесниците им се дава можност да се запознаат, да воспостават долготрајни пријателства, да ја зајакнат и да ја градат својата родна македонска култура, преку подобрување на нивното познавање на јазикот, истражување на природата и културното наследство и доживување на македонската кујна и специјалитети.

Може да аплицираат деца на возраст од 11-15 години, заинтересирани за стекнување и надоградување на знаењата и вештините и секако имаат желба и интерес да учат програмирање, кодирање и роботика. Македонија2025 оваа година им дава можност на дел од пријавените деца да учествуваат и учат програмирање со доделување на целосни стипендии, врз основа на нивниот социо-економски статус. Кандидатите треба да имаат основно познавање на програмирање, кодирање и роботика.

Повеќе за Кампот, начинот на аплицирање и потребна документација: https://macedonia2025.com/open-call-for-scholarships/

Апликациите се поднесуваат на Платформата Е-scholarship:https://e-scholarship.macedonia2025.com/#/scholarship-details/15

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Чествување за ликот и делото на Гоце Жура по повод пет години од неговото упокојување
Next Коринтскиот канал од 1-ви мај ќе биде отворен за пловидба

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.