Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Македонски штанд на Меѓународен саем во Солун

Македонски штанд на Меѓународен саем во Солун

1 min read

Солун, 13 септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Над 1.500 изложувачи од 18 земји, учествуваат на 82-от Меѓународен  саем во Солун, кој оваа година е најголем во изминатата деценија, како почесна земја ја има Кина, а ќе трае до 17-ти септември.

И Македонија традиционално е активен учесник на саемот. Генералниот конзулат во Солун, преку штанд посветен на здравата храна, промовира македонски производи од неколку македонски компании, а генералната конзулка на земјава, Маја Апостолова учествуваше на состанок со генералните конзули од 12 земји што го организира заменик-министерот за надворешни работи на Грција.

Во насока на она што го кажа грчкиот премиер, во обид да се надгради улогата на Солун, да се зголеми соработката и на меѓународно ниво, заменик-министерот Јанис Аманатидис, се сретна со конзулите на Македонија, САД, Германија, Франција, Русија, Србија, Романија, Бугарија, Кипар, Турција, Чешка и на Албанија. (Крај)

извор: Нова Македонија фото: архива

Post navigation

Previous „З’ш Авантура“ го освои Триглав (фото)
Next Ветеринарните комори на Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија во Охрид ќе потпишат договор за соработка

Слични вести

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на улица „Сирма Војвода“

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик
1 min read

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид
1 min read

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.