Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • МАЛМЕД издаде одобрение за увоз на лекот „Трикафта“

МАЛМЕД издаде одобрение за увоз на лекот „Трикафта“

МАЛМЕД издаде одобрение за увоз на лекот „Трикафта“

Скопје, 20. февруари 2023 (ИНПРЕС) – Агенцијата за лекови МАЛМЕД претпладнево издаде одобрение за увоз на лекот „Трикафта“ за пациентите од цистична фиброза.

Од Агенцијата за лекови за Телма потврдија дека сите процедури за одобрување на увозот на „Трикафта“ се завршени, а сега се зависи од производителот „Вертекс“ и од македонскиот застапник на компанијата да го реализираат увозот.

Надлежните во детската клиника каде ќе се одвива лекувањето со интервентната пратка „Трикафта“ очекуваат лекот да пристигне во наредните десетина дена.

Станува збор за интервентен увоз на „Трикафта“ за 8 најкритични пациенти. За редовно снабдување со „Трикафта“ и за останатите пациенти на кои им е потребен овој лек за нормален живот и за успешно лекување треба да се сменат три закони.

Владата веќе изготви предлог закон за промена на правилата за јавна набавка за да се овозможат директни преговори меѓу државата и компанијата „Вертекс“ кој е и носител на патентот за „Трикафта“ и единствен производител.

Измените на законот треба да ги изгласа Собранието. (Крај)

извор: Телма фото: архива

Post navigation

Previous Од полноќ се зголемуваат цените на горивата
Next Објавен документарен филм за значењето на трската во Охридското Езеро

Слични вести

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на улица „Сирма Војвода“

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик
1 min read

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид
1 min read

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.