Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Меѓународна конференција во областа на специјалната едукација и рехабилитација во Охрид

Меѓународна конференција во областа на специјалната едукација и рехабилитација во Охрид

1 min read

Охрид, 14. септември 2023 (ИНПРЕС) – Од 14-ти до 16-ти септември, 2023 година, Охрид ќе биде домаќин на Меѓународна конференција во организација на Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет, УКИМ.

Институтот за специјална едукација и рехабилитација веќе 30 години ја остварува својата дејност во рамки на најстарата високообразовна институција Филозофскиот факултет, а тоа е доказ за успешна работа и вистинска насока на движење.

Во последните три децении Филозофскиот факултет беше посветен на градење кадри и политики за квалитетно образование и рехабилитација на лицата со посебни потреби. Со стручноста и иновативноста на Институтот за специјална едукација и рехабилитација беа поставени темелите за промени и патоказот кон континуирано менување на свеста за видливоста на лицата со посебни потреби.

– Оваа конференција е можност за споделување на искуства, поттикнување на академски дијалог и разгледување на најновите достигнувања, тенденции и иницијативи во областа на специјалната едукација и рехабилитација. Конференцијата ќе биде и можност за рефлексија и размисла. Ќе бидат разгледани прашања за тоа како можеме уште повеќе да се засилат напорите за унапредување на постигнувањата во областа на раната детска интервенција, воспитанието и образованието, како и во областа на рехабилитацијата и вработувањето на лицата со попреченост, информираат органзиаторите.

На отварањето на Конференцијата свои обраќања ќе имаат министерот за образование Јетон Шаќири, проф. д-р Ратко Дуев, Декан на Филозофскиот факултет во Скопје, проф. д-р Наташа Чичевска-Јованова, раководител на Институт за специјална едукација и рехабилитација и проф. д-р Ристо Петров.

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Steve Aoki го најави излегувањето на новиот албум „HiroQuest: Double Helix“
Next Светски ден на Прва помош: „Прва помош достапна за сите! Прва помош во дигиталниот свет“

Слични вести

Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика
1 min read

Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика

Здравје: „7-1“ е едноставно правило за спиење кое може да ви го продолжи животот Здравје: „7-1“ е едноставно правило за спиење кое може да ви го продолжи животот
1 min read

Здравје: „7-1“ е едноставно правило за спиење кое може да ви го продолжи животот

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“ Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.