Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Меѓународна резиденција во Охрид за заштита на езерото преку уметност

Меѓународна резиденција во Охрид за заштита на езерото преку уметност

1 min read
Меѓународна резиденција во Охрид за заштита на езерото преку уметност

Охрид, 1. ноември 2023 (ИНПРЕС) – Следната година во Охрид ќе се одржи Меѓународна резиденција чиј приоритет е истражување на еколошките предизвици со кои се соочуваат Охридското Езеро и населените места во негова близина.

Ќе се одржува од 1-ви до 30-ти април 2024 година,а организатори се партнерите од меѓународниот проект ПРОСПЕР (ПРОтотип за одржливи резиденции на ПЕРиферии).

Поради тоа отворен е повик за уметници, дизајнери, истражувачи и културни работници да се пријават за учество.

– Фокусот на резиденцијата е Охридско Езеро како светско историско и природно наследство, односно еколошките предизвици со кои се соочува тоа поради неодржливите практики во туризмот. Главната цел на програмата е да ги инспирира учесниците да најдат врски помеѓу својата практика, фрагилната средина во која ќе работат и луѓето што живеат таму, информираат организаторите.

Учесниците ќе можат низ креативна работа да ги преточат во уметнички дела инспирациите и размислувањата поврзани со Охридско Езеро преку соработка со локални уметници.

Рокот за пријавување е до понеделник, 6-ти ноември, а повеќе информации и линк за пријавување може да се најдат на веб страницата: https://mk.peripetija.com/prosper. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Утре прекин во водоснабдувањето на улиците „Егејска“, „7 Ноември“ и „Марко Нестороски“
Next Од јануари ќе се плаќа влез во Аја Софија

Слични вести

Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок? Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок?
1 min read

Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок?

Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен

Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен

„Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга „Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга

„Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.