Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Мила Србиноска светски шампион во јуниорска категорија на Светското првенство за хип-хоп и стрит денс

Мила Србиноска светски шампион во јуниорска категорија на Светското првенство за хип-хоп и стрит денс

1 min read
Мила Србиноска светски шампион во јуниорска категорија на Светското првенство за хип-хоп и стрит денс

Мила Србиноска светски шампион во јуниорска категорија на Светското првенство за хип-хоп и стрит денс

Скопје, 14. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Република Македонија продолжува да блеска во светот на танцот, а Мила Србиноска од клубот „Брејк А Лег“ е најновиот бисер на нашата танцова сцена.

На Светското првенство во хип-хоп и стрит денс, што се одржува во СЦ „Борис Трајковски“, Мила ја освои титулата светски шампион во јуниорска категорија, во жестока конкуренција од 174 натпреварувачи.

Настапот на Србиновска беше фантастичен, полн со енергија, креативност и техничка прецизност, оставајќи го без здив жирито, но и публиката. Оваа победа е доказ за нејзината упорност и работа, и ќе претставува инспирација за сите млади танчери во нашата земја. Македонската репрезентација е меѓу најбројните на шампионатот, а своите учесници на првенството имаат клубовите „Брејк а Лег“, „Аква“, „Еурека“, „Битрикс“, „Ит Да Бит“ и „ Уан Веј“.

Во саботата, публиката можеше да го проследи официјалното отворање на IDO World Hip-Hop Championship & Street Dance Show 2024 и да сведочи на спектакл кој не се опишува. Во рамките на Парадата на нации, на танцовиот подиум продефилираа над 1700 натпреварувачи, создавајќи спектакуларно шоу на движење, ритам и креативност. Танцувачи од сите возрасти и стилови се собраа заедно на сцената, носејќи дух на единство и страст за танцот. Отворањето беше збогатено и со настапот на Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“, кое извесе незаборавен перформанс на народни игри и ора од Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

Post navigation

Previous Во четврток ќе биде отворен Изложбениот центар за Белчишкото блато
Next Љутков: Започна реконструкцијата на комплексот „Музеј на вода“, на Плаошник се довршува Светиклиментовиот универзитет

Слични вести

„Аустријан ерлајнс“ од недела почнува да лета од Виена за Охрид „Аустријан ерлајнс“ од недела почнува да лета од Виена за Охрид
1 min read

„Аустријан ерлајнс“ од недела почнува да лета од Виена за Охрид

Викендов изложби на кучиња во Охрид Викендов изложби на кучиња во Охрид
1 min read

Викендов изложби на кучиња во Охрид

Од денеска повторно почнува авиолинијата Истанбул-Охрид Од денеска повторно почнува авиолинијата Истанбул-Охрид
1 min read

Од денеска повторно почнува авиолинијата Истанбул-Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.