Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Минимално покачување на езерското ниво, денес е на кота од 693,21 м.н.в

Минимално покачување на езерското ниво, денес е на кота од 693,21 м.н.в

Минимално покачување на езерското ниво, денес е на кота од 693,21 м.н.в

Охрид, 24. јануари 2023 (ИНПРЕС) – Се подобрува хидролошката состојба на Охридското Езеро во однос на минатата недела.

Според последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) водата е на кота од 693,21 м.н.в што е за 17 сантиметри под просекот за јануари (693,38 м.н.в) и 11 над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода е 8,5 степени.

Врнежите од дожд периодов позитивно влијаат на хидролошката состојба, но сепак тоа не е доволно и е далеку од просекот за овој период од годината.

Нема опис за фотографијата.

Во Охрид денес променливо облачно време со услови за локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Максималната температура ќе се искачи до 6. степени.

– Денес претпладне се уште ќе има врнежи од дожд, особено во источните делови каде ќе бидат пообилни, а на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег. Потоа во следните денови ќе преовладува облачно и постудено време со локални врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР

Post navigation

Previous Втор дел школа за ментално здравје во Црвен крст Охрид
Next Неколкучасовен прекин во водоснабдувањето во делови од Охрид

Слични вести

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на улица „Сирма Војвода“

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик
1 min read

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид
1 min read

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.