Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Митрески утре ќе ги распише претседателските избори, за парламентарните сè уште нема одлука

Митрески утре ќе ги распише претседателските избори, за парламентарните сè уште нема одлука


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Скопје, 13. февруари 2024 (ИНПРЕС) – Претседателот на Собранието, Јован Митрески најави дека утре ќе ги распише претседателските избори, согласно обврската од Уставот. Митрески вели дека сè уште не донел одлука дали во ист ден ќе бидат распишани и редовните парламентарни избори.

– Претседателските избори ќе бидат распишани на 14 февруари затоа што тоа е моја уставна обврска, обврска што произлегува од Уставот. Во Уставот пишува од 70 до 90 дена од одржувањето на избори. Фактички првиот круг на претседателските избори е 24 април, што значи 70 дена назад тоа е 14 февруари и тогаш ќе бидат распишани претседателските избори. Сè уште не сум донел одлука дали во ист ден ќе се распишат и редовните парламентарни избори. Правам некои консултации со службите во Собранието. Ако нема пречка зошто тоа не би го направил и во истиот ден, изјави Митрески во интервју за МИА.

Во однос на тоа кога може да се очекува нов член на Државната изборна комисија, тој вели дека моментално работата е закочена на Комисијата за избори и именување каде што има два предлози.

– Видете, во движењето на работите низ Собранието велиме до распишувањето дека не може, ама можеби и да дојде до изгласување ако се постигне консензус помеѓу сите пратенички групи, односно политички партии. Имав предлог, моментално работата е закочена на Комисијата за избори и именување каде што има два предлози. Мојот предлог беше двата предлози да дојдат до пленарната седница, да се разгледуваат на пленарната седница, да се отвори дискусија и да се затвори дискусијата до моментот на одлучување, односно до гласање затоа што избор на член на Државната изборна комисија се врши со двотретинско мнозинство, треба 80 пратеници. Ако сум информиран, ако добијам информација дека е обезбедено двотретинско мнозинство за еден од членовите тогаш предлогот би го ставил на гласање за да го обезбедиме и последниот член во Државната изборна комисија.

Претседателот на Собранието очекува да се постигне консензус помеѓу сите пратенички групи и за Изборниот законик.

– Имам информации дека се водат преговори, дека се блиску до консензус посебно во делот на препораките на ОБСЕ/ОДИХР не сум слушнал досега дека има какви било забелешки. Сигурно таму се отвораат и други прашања за коишто се чека да се обезбеди консензус. Очекувам од пратеничките групи да дадат предлог за измени на Изборниот законик барем таму каде што имаат консензус, барем тоа да бидат забелешките на ОБСЕ/ОДИХР да бидат ставени во предложениот изборен законик. Кога ќе го добијам како текст потпишан од сите координатори на пратенички групи што би значело потписот на сите координатори значи обезбеден консензус тогаш веднаш тој предлог би го ставил на наредна седница за да може да се изгласа до денот на одржување на изборите. Иако препораките на ОБСЕ/ОДИХР се врзани со датум и кога би требало да се донесат измени на Изборниот законик, меѓутоа имајќи ја праксата од претходните изборни циклуси или измените на Изборниот законик во претходни изборни циклуси каде што на пример во 2020 година сме имале измени на Изборниот законик на самиот ден на распуштање на Собранието, така што кога и да дојде предлогот ќе го ставам веднаш да се разгледува на седница на Собрание за да се донесе конечна одлука. (Крај)

извор: Слободен печат фото: архива

Post navigation

Previous Објавен конкурс за најдобра песна за деца „Тоде“
Next Утрена богослужба и литургија во црквата Св. Троица по повод празникот Св.Трифун

Слични вести

Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика
1 min read

Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика

Здравје: „7-1“ е едноставно правило за спиење кое може да ви го продолжи животот Здравје: „7-1“ е едноставно правило за спиење кое може да ви го продолжи животот
1 min read

Здравје: „7-1“ е едноставно правило за спиење кое може да ви го продолжи животот

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“ Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.