Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Могерини – Договорот меѓу Приштина и Белград не може да се постигне преку ноќ

Могерини – Договорот меѓу Приштина и Белград не може да се постигне преку ноќ


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Приштина, 26. март 2015 (ИНПРЕС) – Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини вели дека Косово и Србија се целосно ангажирани за нормализација на односите и оти сега како никогаш порано е многу важно да продолжи дијалогот.

– Ние знаеме дека нормализацијата на односите не може да се постигне преку ноќ, тоа бара време и не е лесно, изјави Могерини во интервју за „Коха Диторе“.

Таа додава дека од самиот почеток на дијалогот има конкретен напредок. Могерини истакнува дека има уште многу работа да се направи особено кога станува збор за целосно спроведување на досега постигнатите договори.

– Дијалогот ќе продолжи и што побрзо треба да се најде можни решенија за отворени прашања кои спречуваат нормализација на односите, изјави Могерини.

Според неа решението на проблемот со дијалог и преговори е европски начин и една од целите од разговорот е Приштина и Белград да бидат донесени што поблиску до Европа.

Могерини вели дека Косово има јасна европска перспектива што е призната и потврдена од ЕУ на највисоко ниво.

– ЕУ дефинира јасни чекори услови и реформи… крајната цел е јасна Косово прави добар напредок и треба да биде во позиција набрзо да го потпише договорот за стабилизација, вели таа.

Могерини денеска ја посети Приштина, а утре Белград. (Крај)

извор: Плус Инфо фото: архива

Post navigation

Previous Грција и Брисел во преговори за решавање на последиците од кризата
Next Грчката влада ќе бара нови средства за финансирање на инфраструктурните проекти

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.