Охрид, 6. мај 2026 (ИНПРЕС) – Монодрамата „Последната ноќ на Јустинијан Први” по текст на Јордан Плевнеш повторно ќе биде изведена во Охрид.
Делото е во изведба на артистот Петар Темелковски, а ќе се одржи, во понеделник, 11 мај во Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 20:00 часот. Влезот ќе биде слободен.
Минатата година се одбележаа 1.540 години од раѓањето на големиот римски император, а Охрид организираше културно-духовна свеченост посветена на неговиот лик и значење. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
