Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Приштина, 30.јуни 2015 (ИНПРЕС) – Цариниците на граничниот премин Морина на албанско-косовската граница, спречија шверц на 20 килограми хероин.
Дрогата била откриена во камион со албански регистарски таблички, управуван од државјанин на Албанија. При контролата, цариниците ја пронашле дрогата, скриена во торба, под креветот за возачот во кабината на камионот.
Возилото било на влез во Албанија. Според првичните сознанија, возачот требало да ја внесе дрогата во Албанија, но нејзината крајна дестинација се уште не е позната.
Во меѓувреме во Албанија продолжува уништувањето на цели парцели засадени со марихуана. Во близина на Круја полицијата открила 11 парцели засадено со марихуана, при што уништила 1.050 стебла канабис.
Во акцијата е приведена 44-годишна жителка на Круја.(Крај)
извор:Инпрес фото:архива
