Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Неделава во Охрид ќе започне 56. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ

Неделава во Охрид ќе започне 56. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ

1 min read

Охрид, 14. август 2023 (ИНПРЕС) – Неделава, во Охрид ќе започне 56. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ).

На Школата којашто ќе трае до 31-ви август ќе учествуваат околу 70 странски македонисти и слависти од 18 држави – посветеници на македонскиот јазик, литература и култура. Пријавени се семинаристи од НР Кина, САД, Република Кореја, Италија, Франција, Грција, Турција, Полска, Словачка, Унгарија, Украина, Романија, Руската Федерација, Словенија, Хрватска, Србија, Албанија и Чешката Република. Составот на учесниците уште еднаш потврдува дека се остварува определбата на МСМЈЛК при УКИМ, македонскиот јазик да одекнува насекаде низ светот.

Меѓу семинаристите, и оваа година ќе има и универзитетски професори, значајни истражувачи од славистичкиот свет – лингвисти, книжевници и културолози и книжевни преведувачи, особено во групите на напреднато рамниште, но одделно значајна е бројноста и на семинаристи на почетно и средно рамниште, кои се од новите генерации посветеници на македонистиката и имаат желба и подготвеност да ги афирмираат македонскиот јазик, литература и култура во светот во текот на следните години и децении. Вложувањето во нив е и влог во иднината на странската македонистика.

Истовремено, значајно е што бројот на семинаристите се зголемува во споредба со претходните години, што е уште еден показател и за континуираното зголемување за македонистиката во меѓународната академска заедница, со залагања од МСМЈЛК при УКИМ и посветена работа на лекторатите по македонски јазик, како и со залагања на странските македонисти од странските универзитети.

Покрај тоа што годинава, на Школата ќе има учесници дури и од Кина, значајно е и што повторно ќе има семинаристи и од САД, Република Кореја и Италија, со што се покажува дека возобновениот интерес за македонистиката и во тие културни средини, веќе има и континуитет. Меѓу другото, од Турција, и годинава, покрај семинаристи од Истанбул ќе има и семинаристи од Анкара, каде македонистиката се воведе пред две години, додека учеството на семнаристи од Албанија е важно и заради тоа што изминатиов период се интензивираа активностите и за повторно отворање на Лекторат по македонски јазик во Тирана, каде има забележлив интерес за македонистиката. Истовремено, континуирано се зголемува интересот за изучување на македонскиот јазик од семинаристи од Грција. А подеднакво значајно е и што продолжува интересот и од земјите од кои традиционално, со децении, непрекинато има учесници на школите на МСМЈЛК при УКИМ.

И за ова издание на Школата, конципирана е програма која се очекува на странските македонисти и слависти да им овозможи нови сознанија за македонскиот јазик, литература и култура и да ги поттикне на натамошни истражувања посветени на македонистиката. Од нивното пристигнување во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид на 17 август па сè до 31 август, предвидено е семинаристите на Школата да следат лекторска настава и веќе се организирани лекторски групи за сите нивоа на познавање на македонскиот јазик – почетно, средно и напредно, и тоа напредно со две поднивоа, за јазик, и за литература. На Школата ќе се одржат и единаесет предавања на еминентни истражувачи, за важни теми за македонскиот јазик, литература и култура, при што дел од нив ќе бидат и во чест на важни јубилеи за македонистиката и за македонската историја кои се чествуваат во 2023 година. Пред сè јубилеите 120 години од објавувањето на книгата „За македонцките работи“ од Крсте Мисирков, како и 120 години од Илинденското востание и 100 години од раѓањето на Ацо Шопов. Во рамките на Школата ќе биде организирана и јазична работилница, а заа семинаристите коишто се интересираат за македонскиот фолклор, традиционално ќе се одржи и курс по македонски ора. Во рамките на Школата ќе се одржат и промоции на значајни книги, книжевни средби и интерактивни настани, а семинаристите ќе бидат специјални гости и на 35. издание на традиционалната меѓународна манифестација „Поетска ноќ во Велестово“.

Свеченото отворање на 56. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ е закажано за петок, на 18-ти август 2023 година, напладне.

Школата се организира со финансиска поддршка од Министерството за култура, а дел од програмските активности ќе се остварат и со поддршка од Општина Охрид.

По 56. Летна школа се најавува и јубилејната, 50. Меѓународна научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ, којашто ќе е одржи од 1 до 3 септември 2023 година во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид.

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Во Велгошти се одржа традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“
Next Изречени 109 санкции за непрописно престигнување, од нив 25 на територијата на СВР Охрид

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.