Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Нивото на Охридското Езеро го надмина просекот за март

Нивото на Охридското Езеро го надмина просекот за март

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 27. март 2024 (ИНПРЕС) – Зголемен водостојот на Охридското Езеро.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водостојот е на кота од 693,51 м.н.в што е за 2 сантиметри над просекот за март (693,49 м.н.в) и за 41 сантиметар над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на водата е 9,5 степени, за речиси два степени повисока од вообичаената за овој период од годината.

Од почетокот на месецов водостојот е покачен за 11 сантиметри, а само последнава недела се бележи раст од 4 сантиметри.

Можно е да е слика од нацрт и текст

Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 15. степени.

– Денес кон крајот на денот, во текот на ноќта и утре претпладне ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Денес и утре ќе дува засилен, повремено силен ветер (над 60 km/h) од југозападен правец. Утре во текот на денот облачноста ќе се намали и потоа следува период на сончево и топло време со пораст на температурата, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР

Post navigation

Previous Коринтскиот канал од 1-ви мај ќе биде отворен за пловидба
Next Хуманитарна акција „Купи книга-подобри живот“ за помош на лице со оштетен вид

Слични вести

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид
1 min read

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.