Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Белград, 8. јанаури 2015 (ИНПРЕС) – До крајот на оваа недела, српскиот претседател Томислав Николиќ и премиерот Александар Вучиќ започнуваат официјални консултации за конечната одлука за статусот на Косово, објави белградскиот весник „Вечерње новости“.
– Планот за „конечно решавање на статусот на покраината“ треба да биде готов и пред Брисел ќе го претстави договорот за конечно нормализирање на односите со Приштина, пишува весникот.
Според Николиќ, прашањето треба веднаш да биде решено, додека Вучиќ смета дека во моментов е „премногу рано за конечна одлука“. Весникот наведува дека и покрај овие контрадикторни изјави, од повисоките ешалони на владата увериле дека „нема несогласувања во врска со политиката на Косово или во однос на времето за преземање идни чекори“.
Појасна слика за европските намери ќе има веќе на 9-ти февруари по седницата свикана од Федерико Могерини, на кој Србија ќе биде претставена од Вучиќ и Дачиќ, а Косово од Иса Мустафа и Хашим Тачи.
Белград очекува да ги слушне условите за отворање на поглавјата со ЕУ и плановите на Брисел во врска со потпишувањето на договорот меѓу двете земји. (Крај)
извор: Вечерње Новости фото: архива
