Атина, 30.октомври 2015 (ИНПРЕС) – 21 лице починале откако два брода со мигранти и бегалци потонале во текот на ноќта, доаѓајќи од Турција и Грција. Тоа го соопштуваат грчките власти, цитирани од американските медиуми. Ова е последниот од најсмртоносните инциденти во источниот дел на Егејското Море.
Министерството за поморска трговија информира дека 18 лица загинале, а 138 биле спасени во близина на островот Калимнос. Други тројца пак загинале, а шестмина спасени во друг инцидент, што се случил во раните утрински часови на денешниот ден крај островот Родос.
Смртоносните инциденти се случуваат поради приливот кон грчките острови од бегалците и мигранти од Сирија, Авганистан и други држави во пресрет на зимата. Во исто време европските влади се обидуваат да го ограничат бројот на новодојдените мигранти во Европа.
Осум лица загинаа рано изутрина вчера, откако брод се урна крај островот Лезбос.(Крај)
извор:Инпрес фото:архива
