Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Новинарка на Светскиот сервис на BBC го прогласи Охрид за апсолутно ужасно место!

Новинарка на Светскиот сервис на BBC го прогласи Охрид за апсолутно ужасно место!

1 min read

Охрид, 28. јуни 2023 (ИНПРЕС) – Дописничката од Вашингтон за Светскиот сервис на BBC Suzanne Kianpour предизвика гнев меѓу Македонците на социјалните мрежи откако на Twitter напиша дека Охрид е ужасно место кое се наоѓа во Македонија.

Новинарката со иранско-италијанско потекло во својот обид да посети 100 земји на светот деновиве е во Охрид од каде објави прекрасно видео од возење со чамец по езерото. Видеото е дополнето со порака која за многумина е сарказам, но за многу повеќе луѓе е навреда за Охрид.

– Дефинитивно не доаѓајте во Охридското Езеро. Тоа е апсолутно ужасно место во Македонија. Супер скапо. Лоши временски услови. Навистина преполно, пишува новинарката на BBC и иницира низа одговори на нејзиниот навредлив твит.

– Без објаснување од авторката не може со сигурност да се каже дали таа навистина мисли се’ најлошо за Охрид или е само саркастична, објави порталот expres.mk.

Твитот и видеото досега го виделе најмалку 26 илјади луѓе од цел свет. Два дена преходно Kianpour објави дека „треба да се посети недопрениот скапоцен камен пред Охрид да стане туристичка замка“.

извор: expres.mk фото: expres.mk

Post navigation

Previous Претставата на македонски знаковен јазик „Улаф сте?/Are you crazy?“ синоќа пред стружани
Next Suzanne Kianpour се премисли: Охрид не бил ужасно место, дојдов и се вљубив

Слични вести

Во тек е пријавувањето за 51. турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта Во тек е пријавувањето за 51. турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта
1 min read

Во тек е пријавувањето за 51. турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта

Вечерва годишен концерт на ООМУ „Методи Патче“ во црквата „Св. Софија“ Вечерва годишен концерт на ООМУ „Методи Патче“ во црквата „Св. Софија“

Вечерва годишен концерт на ООМУ „Методи Патче“ во црквата „Св. Софија“

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.