Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Избор
  • Новогодишната забава за дочек на 2025 година на плоштадот ќе започне во 19:00 часот

Новогодишната забава за дочек на 2025 година на плоштадот ќе започне во 19:00 часот

1 min read
Новогодишната забава за дочек на 2025 година на плоштадот ќе започне во 19:00 часот

Охрид, 27.декември 2024 (ИНПРЕС) – Новогодишната забава на 31-ви декември за свечениот дочек на новата 2025 година на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ ќе започне во 19:00 часот со музички-перформанс на DJ Gec.

Од 20:00 часот охриѓани и гостите ќе ги забавува охридската група Take 5, а од 21:00 часот сцената е резервирана за миленикот на младата публика Пајак.

Од 22:15 часот за веселата атмосфера ќе се погрижи македонската фолк ѕвезда Наум Петрески, додека пак од 23:30 настапува македонската поп дива Каролина Гочева. Новогoдишната забава ќе продолжи и по полноќ со DJ Face.

Инаку Охрид подготвен ги очекува домашните и странските гости кои одлучија новата година да ја дочекаат на брегот на Охридското Езеро. Хотелиерите и угостителите веќе ги прават завршните подготовки за успешен дочек на гостите, а според најавите најбројни ќе бидат туристите од соседството, Србија, Бугарија, но и од Турција, а нема да изостанат и домашните гости. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Наградата „Григор Прличев“ за авторот на поемата „Никогаш пред ил’ потем“, под шифра „Хидаспес“
Next Две детски претстави во рамки на програмата „Охридска новогодишна приказна“

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк
1 min read

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.