Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Објавени резултатите од конкурсот за студентски стипендии за академската 2022/2023 година

Објавени резултатите од конкурсот за студентски стипендии за академската 2022/2023 година

1 min read
Објавени резултатите од конкурсот за студентски стипендии за академската 2022/2023 година

Скопје, 2. февруари 2023 (ИНПРЕС) – Министерството за образование и наука ги објави резултатите од Конкурсот за доделување на стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2022-2023.

Студентите кои се стекнаа со правото на користење студентска стипендија треба да испечатат и пополнат три примероци од договорот за соодветната стипендија (објавени со резултатите) и заедно со копија од лична трансакциска сметка, од денес па сé до 17-ти февруари да ги достават до Министерството за образование и наука (директно во писарницата на МОН или по пошта – препорачана пратка со повратница на адреса бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје).

Одбиените кандидати пак, ќе имаат можност за поднесување жалба до Државната комисија за одлучување по управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на приемот на решението од МОН во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена.

Решенијата и за прифатените и за одбиените апликации се изработуваат во моментов и ќе бидат испорачани на домашната адреса на секој апликант.

Согласно објавениот конкурс за оваа академска година планирано е да бидат доделени вкупно 3.000 стипендии, а годинава се воведени и три нови категории, кои се резултат на информациите за недостиг на кадар во одредени области.

Сите категории на стипендии се доделуваат за девет месеци во текот на студиската година и во износ од 6.050 денари, со исклучок на стипендиите за студиските програми по хемија, физика и математика, како и новите за земјоделските, ветеринарните и шумарските науки кои изнесуваат 18.000 денари месечно. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous „Рибарите“ утре на контролен меч со Работнички
Next Објавен повикот за поднесување барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги

Слични вести

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на улица „Сирма Војвода“

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик
1 min read

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид
1 min read

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.