Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Објавен повикот за поднесување барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги

Објавен повикот за поднесување барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги

1 min read
Објавен повикот за поднесување барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги

Охрид, 2. февруари 2023 (ИНПРЕС) – Општина Охрид го објави јавниот повик за поднесување на барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици.

Субвенционирањето на трошоците се однесува за цела 2023 година, односно од 1-ви јануари до 31-ви декември.
Согласно програмата за социјална заштита во буџетот на општина Охрид за оваа намена се предвидени 1.500.000 денари.

Вкупниот износ на субвенција ќе изнесува 703 денари месечно, за секој корисник на субвенцијата и ќе биде составен од следните четири компоненети:

Покривање на трошоците за потрошена вода за пиење до 320 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата;
• Покривање на трошоците за спроведување на отпад до 150 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата;
• Покривање на трошоците за одведување на отпадни и атмосферски води до 150 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата;
• Покривање на трошоците за плаќање на гробна такса-гробарина до 83 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата.

Условите за аплицирање и пријавата се достапни на општинската веб страница.

Заинтересираните лица своите барања за субвенционирање можат да ги достават во затворен плик, лично во архивата на општина Охрид или по пошта на адреса: Општина Охрид, ул.Димитар Влахов бр.57 Охрид, со назнака (Јавен огалс за субвенционирање на трошоци за комунални услуги). (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес 

Post navigation

Previous Објавени резултатите од конкурсот за студентски стипендии за академската 2022/2023 година
Next ДИЖС: Впишувањето на Охридското Езеро и Студенчишкото Блато на Светска Рамсарската листа значи препознавање на богатиот биодиверзитет и поодговорно управување

Слични вести

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на улица „Сирма Војвода“

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик
1 min read

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид
1 min read

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.