Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Одбележан патрониот празник на ОУ „Григор Прличев“

Одбележан патрониот празник на ОУ „Григор Прличев“

Одбележан патрониот празник на ОУ „Григор Прличев“

Охрид, 7. февруари 2024 (ИНПРЕС) – Во чест на својот патрон, учениците од ООУ „Григор Прличев“ вчеравечер приредија богата свечена приредба која се одржа во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Пред бројните ученици, родители, граѓани и гости од збратимените училишта, свое обраќање имаше директорката Лилјана Ефтимовска. На свеченоста во името на Општина Охрид присуствуваше заменик градоначалникот Перчо Божиновски.

Во рамки на програмата беа изведени неколку музички точки на хорот и оркестарот на училиштето. Публиката имаше можност да ги слушне првонаградените литературните творби од училишниот литературен конкурс и да проследи драматизација на народна приказна подготвена од учениците од предметна настава. Потоа следуваа прекрасни танцувачки точки на традицонални македонски песни, на кои настапија учениците од одделенска настава, подготвени од страна на нивните наставници.

Пред почетокот на свечената приредба се одржа и ликовна изложба на цртежи од учениците, на која беа доделени и наградите од литературниот и ликовниот конкурс посветен на ликот и делото на Григор Прличев. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous ГФК Охрид Лихнидос на пријателски натпревар со Караорман
Next Свикана 38. седница на Градскиот совет

Слични вести

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци? Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?
1 min read

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите
1 min read

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска „Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска
1 min read

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.