Охрид, 23. јануари 2026 (ИНПРЕС) – Од среда, 28-ми јануари ќе започне издавањето на дозволите за рекреативен риболов.
Истите ќе се издаваат единствено преку новото Здружение на рекреативни риболовци „Охридски рибари“.
– Во здружението „Охридски рибари“ не е потребно да плаќате дополнителни трошоци како членарина за здружението и др. кои ги бараат другите здруженија во Охрид и ќе можете да задолжите маркица за 2026 година, информираат од концесионерот на рекреативната зона Охридско Езеро, „Питон фишинг“.

Додаваат дека целта на новото здружение е подигнување на рекреативниот риболов како спорт и рекреација и одбегнување на манипулациите кон рибарите. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
