Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Од 1-ви јули стапува на сила забраната за градежни работи во Охрид

Од 1-ви јули стапува на сила забраната за градежни работи во Охрид

1 min read

Охрид, 29. јуни 2023 (ИНПРЕС) – Од сабота 1-ви јули на сила ќе биде забраната за изведување градежни работи од типот висока и ниска градба, прекопувања на улици, тротоари и патеки на подрачјето на Општина Охрид.

Оваа забрана ќе трае до 31-ви август и се однесува на просторот од булевар „Туристичка“ до Охридското Езеро и тоа на потегот од „Билјанини извори“ до реката Даљан, просторот над булевар „Туристичка“ во длабочина од 50 метри и туристичките локации на потегот од каналот „Студенчишта“ до манастирскиот комплекс „Св. Наум“.

– Одлуката за забрана за изведување градежни работи во летниот период во Охрид е во согласност со член 62 од Законот за Локална самоуправа и член 83 од Статутот на Oпштина Охрид, потенцираат од охридската локална самоуправа. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous МВР со детали за вчерашната сообраќајка на патот Охрид-Струга, повреден е 58-годишен моторциклист
Next Заврши 8. Меѓународен џудо натпревар и инклузивен џудо камп во Струга

Слични вести

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Здравје: Цимет во кафе – едноставен трик за подобро здравје Здравје: Цимет во кафе – едноставен трик за подобро здравје
1 min read

Здравје: Цимет во кафе – едноставен трик за подобро здравје

На 20. јуни ќе се одржи шестиот Меѓународен ИТФ натпревар во традиционално теквондо „Ohrid Open 2026“ На 20. јуни ќе се одржи шестиот Меѓународен ИТФ натпревар во традиционално теквондо „Ohrid Open 2026“
1 min read

На 20. јуни ќе се одржи шестиот Меѓународен ИТФ натпревар во традиционално теквондо „Ohrid Open 2026“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.