Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • ОИК Охрид: Во главниот избирачки список за претседателските избори се запишани 51.717 избирачи, за парламентарните 51.865, ќе се гласа на 87 избирачки места

ОИК Охрид: Во главниот избирачки список за претседателските избори се запишани 51.717 избирачи, за парламентарните 51.865, ќе се гласа на 87 избирачки места

1 min read
ОИК Охрид: Во главниот избирачки список за претседателските избори се запишани 51.717 избирачи, за парламентарните 51.865, ќе се гласа на 87 избирачки места

Охрид, 7. мај 2024 (ИНПРЕС) – Во главниот избирачки список за утрешните парламентарни избори во Охрид се запишани 51.865 избирачи додека за вториот круг од претседателските 51.717 избирачи, информираат од Општинската изборна комисија (ОИК Охрид).

Разликата во бројката на запишани избирачи 148, генерално е поради граѓани кои стекнaлe полнолетство и тие имаат право да гласаат само на парламентарните избори.

Граѓаните своето гласачко право ќе го остварат на 87 избирачки места.

– Денес своето гласачко право за парламентарните и претседателските избори во домашни услови ќе го остварат вкупно 240 болни и изнемоштени лица од Охрид. За парламентрните избори се пријавија 68 лица и оваа бројка е плус од оние 172 лица што беа пријавени за првиот круг од претседателските избори. Во посебен извод од избирачкиот список за гласање се пријавени 27 лица од Охрид кои издржуваат затворска казна, 7 лица во установи за вонсемејна грижа и три граѓани од Охрид во дипломатско – конзуларните претставништва, вели за Супер радио и InPress Антигона Сионов, претседател на Општинската изборна комисија.

За овој изборен циклус променета е локацијата на 8 избирачки места на територијата на Општина Охрид:

– ИМ 1271, од МЗ „Билјанини избори“, улица „Мирче Ацев“ број 31, префрлено е во ЈЗУ Општа болница (Модуларна), на улица „Сирма војвода“ број 1.

– ИМ 1260, од приватен објект на улица „Даме Груев“ е префрлено во ОСУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид (Гимназија).

– ИМ 1297, од хотел „Бетон“ е префрлено во Основното училиште во селото Долно Коњско.

– ИМ 1281 и 1281/1, се префрлени од приватен објект во населбата „Видобишта“ во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, на улица „Живко Чинго“ број 1.

– ИМ 1283 и 1283/1, се префрлени од приватен објект на улицата „Момчило Јорданоски“ во ОУ „Христо Узунов“, на улица „Питу Гули“ број 128.

– ИМ 1267, е префрлено од МЗ „Железничка“ во приватен објект на улица „Железничка“ број 104 А.

На ниво на Република Македонија за вториот круг на седмите претседателски избори во избирачкиот список се запишани 1.814.317 граѓани со право на глас, а на 11-те парламентарните избори 1.815.350 избирачи. Разликата во гласовите е 1.033, генерално поради граѓаните кои стекнуваат полнолетство.

Се гласа на 3.480 избирачки места, а избирачите во текот на денот ќе можат само еднаш да го посетат избирачкото место и да гласаат. Идентификацијата на гласачите ќе се врши со т. н. фингерпринт апарати. Гласачките места ќе бидат отворени од 07:00 до 19:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Во недела Охрид домаќин на четвртиот Мастерс квиз
Next СВР Охрид го одбележа 7-ми мај, Денот на безбедноста и на македонската полиција

Слични вести

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не? Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?
1 min read

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.