Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Оперски рецитал во чест на празникот Св.Климент Охридски

Оперски рецитал во чест на празникот Св.Климент Охридски

1 min read

Охрид, 4. август 2023 (ИНПРЕС) – Во вторник на 8-ми август ќе се одржи оперски рецитал на оперската пејачка Илина Митревска, во предвечерието на големиот празник Св.Климент Охридски.

Таа ќе настапи во пијано придружба на Дарко Мариновски.

Младата сопранистка студира на Конзерваториумот „Giuseppe Tartini” Во Трст, Италија, под менторство нa реноминираниот Италијански сопран – Паолета Марроку.

Средно образование завршила во музичкото училиште во Скопје, при одделот за соло пеење, во класата на професорката Гонца Богоромова Краповски, воедно како дел од вокалната академија на професорите Ана и Игор Дурловски. Интензивно работи со првенецот на Македонската опера и балет, тенорот, проф. Ѓорѓи Цуцковски како и првенката проф. Славица Петровска Галиќ. Во 2020 година ги почнува студиите со белканто мајсторот – Лорензо Регацо.

Во нејзиното досегашно учење се стекнува со голем број настапи: солистички настап со Македонската Филхармонија, солистички концерт во Софија, под диригентската палка на маестро Христо Христов, а учествува на фестивалите Скопско Лето, Звуците на Чаршијата.

Има рецитали и настапи низ Трст, Скопје, а после настапот во 2022 во Рим, е редовно поканета на Фестивалот „Concerti del Tempietto”. Годинава е избрана да ја толкува улогата на Дидо од операта „Дидо и Енеа” на Хенри Парсел, во театарот Џузепе Верди во Муџа.

Има учествувано и освоено награди на повеќе меѓународни натпревари во Италија, Македонија, Србија, Бугарија, како Балканската Романсијада, натпреварот „Лазар Јовановиќ”, „Полихимнија”, „Neapolitan Masters”, “„Art-In”, „Città di Belluno” „London Classical Competition”…

Концертот ќе се одржи во црквата „Св. Софија“ од 20:30 часот, а влезот ќе биде слободен. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous УХМР: Во сабота не очекува локално невреме
Next Бобан Мирковски утревечер ќе одржи концерт под небо од ѕвезди со одбрани хитови од 60-тите години па сé до 2000 на Долни Сарај

Слични вести

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите
1 min read

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.