Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Охрид, 17. февруари 2018 (ИНПРЕС) – Делегација на општина Охрид предводена од претседателката на советот, Живка Ангелоска, секретарот, Игор Бежоски и советникот Мишел Силјаноски беа во посета на општина Александровац, Република Србија.
Делегацијата беше гостин на свечената седница на градскиот совет, го посети Музејот за вино и лозарство како и останатите свечености по повод празникот на градот.
Во рамки на посетата претставниците од општина Охрид остварија работна средба со првиот човек на Александровац, претседателот на Советот и мали стопанственици.
Во фокусот на разговорите била понатамошната соработка и идна имплементација на заеднички проекти од областа на взаемна промоција на традиционална храна и вино и еко-туризмот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: Општина Охрид

