Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Откриен споменик на Цар Самоил во центарот на Софија

Откриен споменик на Цар Самоил во центарот на Софија

1 min read

Софија, 9.јуни 2015 (ИНПРЕС) – Со почесна гарда и со биење на камбаните на храмот „Александар Невски“, бугарскиот претседател Росен Плевнелиев денеска во центарот на Софија го откри споменикот на цар Самоил.

– Света должност и историска одговорност на секој народ е да го одржи во живот сеќавањето на своите предци. Славно место во пантеонот на историската слава е определено за цар Самоил -владетелот кој во еден од најтешките периоди успеал да ја одржи бугарската држава – рече патријархот Неофит, кој лично го освети споменикот, донација од д-р Милен Радевски и од неговата фондација „Бугарска меморија“.

Споменикот, кој е дело на скулпторот Александар Хајтов и е висок 6,2 метри, деновиве предизвика дебата на социјалните мрежи и на форумите во Бугарија не само поради неговата локација, туку и поради информацијата дека очите на цар Самоил ќе светат навечер. Хајтов во споменикот инсталирал опрема што би ги осветлувала очите на споменикот, но на барање на Градот Софија, таа нема да биде активирана.

Бугарскиот претседател на откривањето на споменикот рече дека коските на цар Самоил треба да се вратат во Софија.

– Треба да се потрудиме коските на цар Самуил да се вратат во неговата родна бугарска земја. Бугарија не треба да се смири додека тоа не се случи и тоа токму во црквата „Св. Софија“ – рече Плевнелиев.

Бугарските медиуми јавуваат дека официјална Софија, во рамки на одбележувањето на илјадагодишнината од смртта на цар Самоил, има поднесено барање до Атина за враќање на неговите мошти, кои, како што се наведува, се наоѓаат во солунскиот Музеј за византиска култура.(Крај)

извор:Мета фото:архива

Post navigation

Previous Скурлетис – Ако нема ништо од меѓународната помош, грчката влада да распише предвремени избори
Next Силен земјотрес ја погоди Атина

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.