Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охридските аеромоделари најдобри на Државното првенство во воздухопловно моделарство во категоријата гуменици

Охридските аеромоделари најдобри на Државното првенство во воздухопловно моделарство во категоријата гуменици

Охрид, 26. јуни 2023 (ИНПРЕС) – Охридските аеромоделари продолжуваат да нижат успеси. Тие беа најдобри во категоријата гуменици на Државното првенство во воздухопловно моделарство за 2023 година, кое викендов се одржа на спортскиот аеродром „Мало Коњари“ кај Прилеп.

– Аеро клубот „Охрид“ во состав Климент Масин, Анастас Божиновски и Петар Цветановски беа најдобри во категорија воздухопловни модели – гуменици. Анастасија Пожарска апсолутен победник во категорија едрилици и за јуниори и за сениори. Коста Стојановски од Аеро Клуб „Скопје“ беше најдобар во категорија воздухопловни модели – качувачи, информираат организаторите.

Дополнително, охриѓанецот Петар Цветановски го освои третото место во класата Ф1А сениори.

Воздухопловниот клуб „Фил Феникс“ од Прилеп е победник во генерален пласман, пред Аеро клуб „Охрид“ и Аеро клуб „Скопје“.

Аеро клубот „Охрид“ продолжува со успесите и традицијата од далечната 1980 година. Клубот има освоено голем број награди, како на државни, така и на меѓународни првенства.

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous SUPER Fresh music: Livin R feat Sergio T, K-Mass & Jimbo – Tell Me Why (Shoreline)
Next Насилство во ноќен клуб во Охрид, три лица од Скопје и скопско физички нападнале охриѓанец и му го одзеле возилото

Слични вести

Во тек е пријавувањето за 51. турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта Во тек е пријавувањето за 51. турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта
1 min read

Во тек е пријавувањето за 51. турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта

Вечерва годишен концерт на ООМУ „Методи Патче“ во црквата „Св. Софија“ Вечерва годишен концерт на ООМУ „Методи Патче“ во црквата „Св. Софија“

Вечерва годишен концерт на ООМУ „Методи Патче“ во црквата „Св. Софија“

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.