Охрид, 10. јули 2023 (ИНПРЕС) – ЈП Водовод Охрид апелира до граѓаните да не се злоупотребува водата од водоводната мрежа за наводнување на земјоделските насади.
– Поради реакции на граѓани од недостиг на вода за пиење, апелираме до сите корисници, посебно во населбите од околината на Охрид каде што има земјоделски површини, во најавениот период со зголемени температури да не се злоупотребува водата од водоводната мрежа, за наводнување на паркови и земјоделски насади, велат од „Водовод“. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
