Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • „Охридски комуналец“ лани подигнал 5.314 m³ отпад од диви депонии, формирање комунална полиција како начин за превенција

„Охридски комуналец“ лани подигнал 5.314 m³ отпад од диви депонии, формирање комунална полиција како начин за превенција

1 min read

Охрид, 28. јануари 2026 (ИНПРЕС) – ЈП „Охридски комуналец“ во текот на минатата година подигнал 5.314 m³ најразличен отпад од диви депонии создадени од несовесни поединци, информираат за Супер радио и OhridPress од претпријатието.

Собрани се градежен шут, кабаст и зелен отпад, земја, песок…а велат дека локациите на кои никнувале диви депонии се „распослани“ низ целото градско подрачје. Забележително е тоа што по расчистување на одредена локација, за кратко време службите повторно реагирале и тоа на истото место. После секоја акција постојано потсетуваат дека од личната одговорност и еко-свест на секој поединец зависи во каква животна средина ќе живееме, зошто последиците остануваат за сите нас, но по сѐ изгледа залудно.

Расфрланото ѓубре и бројните мини депонии „никнати“ на несоодветни места, грижата за Охридското Езеро што при поголеми бранови на брегот ја исфрла еко културата, упатуваат на тоа дека еколошката свест сѐ уште ни е на ниско ниво. На оваа тема сме пишувале многу пати, а преку рубриката „Срамизам“ на OhridPress и со фото материјали сведочиме токму за ова.

Дивите депонии по сѐ изгледа и понатаму се проблем што тешко се надминува. Како помош за нивно детектирање средношколци ја создадоа апликацијата TrashPinger, а иницијативата „Збогум Буково” започна со собирање на информации за местоположбата на овие ѓубришта и нивно пријавување до надлежниот сектор во општината.

Имаме бројни утврдени урбани правила за пристоен живот што се дел од нашите закони, но чекаат некој да ги спроведе.

Од ЈП „Охридски комуналец“ како решение за хроничниот проблем со дивите депонии ја посочија потребата од воведување на комунална полиција. Ваква служба постои во градовите од соседството како Белград, Тирана, Подгорица и дава позитивни резултати во неколкукратно намалување на нечистотијата.

А додека да се најде решение, ајде да направиме сите по малку во напорите да имаме здрава и чиста животна средина. Тоа не е воопшто тешко бидејќи можеме, а за жал, секоја чест на исклучоците, го покажуваме кога сме во некоја странска земја, каде ваквото неодговорно однесување се казнува. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/архива

Post navigation

Previous Започнуваат уписите за пролетниот циклус на програмата „Полетарче“
Next Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид

Слични вести

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на улица „Сирма Војвода“

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик
1 min read

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид
1 min read

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.