Охрид, 11. јуни 2026 (ИНПРЕС) – Во текот на април оваа година, туристички Охрид го посетиле вкупно 28.510 гости, од кои 7.987 биле домашни, а 20.523 странски.
Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) на Република Македонија, вкупниот број на ноќевања изнесува 50.080. Во однос на структурата на странските туристи, најмногубројни биле Германците – 3.457, по кои следуваат гостите од Србија, 2.828, Турција 1.990, Франција 1.930, Хрватска 1.028, Белгија 800…
На ниво на државата, Република Македонија во април годинава ја посетиле вкупно 97.358 туристи, од кои 19.990 биле домашни, а 77.368 странски. Остварени се вкупно 174.649 ноќевања.
Вкупниот број на туристи во периодот јануари-април 2026 година, во однос на истиот период лани е зголемен за 3.5 %, кај домашните туристи има намалување за 0.1 %, а кај странските има зголемување за 4.8 %. Вкупниот број на ноќевањата во анализираниот период е зголемен за 0.3 % така што кај домашните туристи има намалување за 0.2 %, а кај странските има зголемување за 0,6 %. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес
