Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охрид се украсува за Водици, подготовките при крај

Охрид се украсува за Водици, подготовките при крај

1 min read
Охрид се украсува за Водици, подготовките при крај

Охрид, 16. јануари 2023 (ИНПРЕС) – Во пресрет на големиот христијански празник се уредува Градското пристаниште каде капачите ќе влегуваат по чесниот крст.

Изминативе денови членовите на нуркачките клубови го чистеа дното на Охридското Езеро, а ЈП „Охридски комуналец“ се вклучени во темелно чистење на Градското пристаниште каде верниците влегуваат во езерските води.

Дополнително екипи на ЈП „Охридски комуналец“ го украсуваат градот.

На 19-ти јануари, богослужбите во охридските парохиски цркви ќе започнат во 07:00 часот, а точно во 10:00 часот од Градското пристанишете ќе биде положен Светиот крст во водите на Охридското Езеро. Заинтересираните капачи кои сакаат да бидат дел од настанот, своето учество можат да го пријават во сите парохиски цркви во Охрид.

По чинот на Богојавленскиот водосвет, со почеток во 12:00 часот на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ предвидена е забавна програма за посетителите, со концерт на групата „Чалгија саунд систем“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Црвен крст Охрид со низа активности и препораки до капачите во пресрет на празникот Водици
Next Четврток, 19-ти јануари, Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија

Слични вести

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на улица „Сирма Војвода“

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик
1 min read

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид
1 min read

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.