Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охрид со шмек на главната туристичка сезона, надлежните задоволни од досегашната исполнетост

Охрид со шмек на главната туристичка сезона, надлежните задоволни од досегашната исполнетост

1 min read
Охрид со шмек на главната туристичка сезона, надлежните задоволни од досегашната исполнетост

Охрид, 14. јули 2023 (ИНПРЕС) – Македонскиот туристички центар Охрид добива вистински летен шмек, голем број гости од земјава и странство, полни сместувачки капацитети, кафулиња и ресторани, шеталишта, плажи, паркиралишта…

Топлотниот бран најверојатно ќе придонесе да има и нов бран туристи претојниов викенд во Охрид.

Од досегашната исполнетост на градот задоволни се од Секторот за туризам и локален економски развој.

– Задоволни сме, градот се наполни, угостителските објекти работат. Веќе од денес натаму се очекува да биде уште поголема посетеноста. Мислам дека сезонава ќе биде успешна има понуда за сечиј вкус, бројни настани и концерти, вели за Супер радио и InPress, Ѓоко Апостолов, раководител на ТЛЕР.

Бројот на туристи во градов, домашни, а особено странски е во пораст. Чартер летовите и воведувањето нови дестинации со кои сме авионски поврзани придонесе сезоната да започне многу порано. Скок на гости во првите четири месеци од 2023 година се бележи од турските, српските, холандските, германските, португалските, полските туристи.

Според податоците од МВР, бројот на туристи пред самиот ек на туристичката сезона е зголемен за 40% – престој на странци до 3 месеци, годинава таа бројка изнесува 50.817 лица странци во споредба со истиот период минатата година кога таа бројка изнесуваше 36.843. Протокот на патници на граничните премини кои спаѓаат во склоп на РЦ Запад споредбено со истиот период од минатат година 2023/2022 бележи зголемување за 16% односно регистрирано е влез/излез 1.527.153 во споредба со минатата година кога бројката беше 1.320.304 патници.

Кон раст на бројките придонесуваат репортажите за убавините на Охрид објавени на страниците на светски познати магазини, популарниот Милош Петровиќ преку неговиот блог Putuj.rs со видео ги кани Србите да го посетат градот под Самуиловата тврдина, а најдобрите атракции во преубавиот Охрид се претставија и на популарното дневно телевизиско шоу „This Morning“ кое се емитува во Обединетото Кралство на телевизијата ITV.

По пауза од две години, оваа сезона се уредија и почнаа со работа плажите, дел од нив на најатрактивните локации на крајбрежјето, што дефинитивно ќе ја збогатат понудата.

Сето ова во комбинација со солидната понуда на настани, од областа на културата, но и забавата, што ќе кулминира околу празникот Илинден, придонесува да очекуваме дека ќе имаме повеќе од успешна сезона. Од Агенцијата за туризам велат дека со порастот на бројот на туристи и остварени ноќевања годинава во македонскиот туризам ги има сите услови кумулативно да ја надмине 2019 година по бројот и остварените ноќевања приближувајќи се до 530 милиони долари девизен прилив од туризмот во македонската економија. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Започнува трката за кревет во студентските домови, во охридскиот „Никола Карев“ има 242 леглa
Next Од почетокот на годинава заклучно со мај Охрид го посетиле вкупно 72.682 домашни и странски гости

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.