Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охриѓанецот Димитар Пејчиновски настапува на Европскиот тур во текбол што се одржува во Скопје

Охриѓанецот Димитар Пејчиновски настапува на Европскиот тур во текбол што се одржува во Скопје

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Скопје/ Охрид, 26. јануари 2023 (ИНПРЕС) – Македонскиот репрезентативец во текбол, охриѓанецот Димитар Пејчиновски денес ќе ги има првите два натпревари во рамки на Европскиот тур во текбол што се одржува во Скопје.

Во спортскиот центар „Јане Сандански“ негов прв противник ќе биде црногорецот Вељко Љумовиќ, по што ќе следи мечот со Јан Очедалски од Полска.

Охриѓанецот Пејчиновски зад себе има неколку учества на светски првенства, а последното беше во месец декември минатата година во Германија.

Инаку, Европскиот тур во текбол ќе се одржува од 26-ти до 29-ти јануари. Ова е прв текбол турнир за оваа година, воедно и квалификациски за Европските игри во Краков, што се на програмата од 21-ви јуни до 2-ри јули.

Нема достапен опис

Инаку, текбол е вид на спорт што е основан во 2014 година во Унгарија од Габор Борсани, поранешен професионален фудбалер и Виктор Хусар, програмер. Текбол е игра меѓу двајца играчи како сингл, или меѓу три или четири натпреварувачи како игра во двојки и личи на пинг понг.

Нема достапен опис

Ултра популарниот спорт, што зема сѐ поголем замав, се игра на заоблена маса со топка слична на фудбалска, која се префрла со кој било дел од телото освен со рацете.

На меѓународно ниво, играта е претставена од Меѓународната федерација за тегбол (Fédération Internationale de Teqball – FITEQ). Голем број фудбалери од светска класа како Нејмар и Кутињо веќе учествуваа на вакви натпревари. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Ќе се доделуваат канти за отпад за жителите на улиицте „Марко Нестороски“, „Васил Главинов“ и „Крсте Мисирков“
Next Ракометарите и фудбалерите на Охрид Лихнидос викендов ги продолжуваат пријателските натпревари

Слични вести

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на улица „Сирма Војвода“

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик
1 min read

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид
1 min read

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.