Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охриѓанецот Димитар Пејчиновски освои трето место на завршниот турнир во Јадранската текбол лига

Охриѓанецот Димитар Пејчиновски освои трето место на завршниот турнир во Јадранската текбол лига

1 min read

Охрид, 5. октомври 2023 (ИНПРЕС) – Македонскиот репрезентативец во текбол, охриѓанецот Димитар Пејчиновски го освои третото место на завршниот турнир во Јадранската текбол лига, што се одржа во Скопје.

Пејчиновски играше во пар со Радослав Митро и успееа да стигнат до полуфиналето.

Јадранската лига се одржуваше во периодот од 30-ти јули до 30-ти септември, а домаќини на натпреварите покрај Скопје беа и градовите Сараево, Бар, Задар и Златибор.

Пејчиновски во изјава за Супер радио и InPress не го криеше задоволството што успеа да оствари одличен пласман во сопствената земја.

– Пресреќен сум што успеав во Македонија да остварам пласман во полуфинале. Инаку, во полуфиналниот меч изгубивме од црногорска екипа, а турнирот го освоија српските претставници. Би сакал да упатам пофалби до организацијата на комплетната Јадранска лига и се надевам дека овој проект ќе заживее и ќе стане дел од натпреварувачкиот календар секоја година, рече Пејчиновски.

Следен предизвик за Пејчиновски е учество на Светско текбол првенство што од 29-ти ноември до 3-ти декември ќе се одржува во Тајланд. Тој се надева дека состојбата организациски ќе се среди, дека ќе се изнајдат средства за да може да отпатува и да се натпреварува рамо до рамо со светските прваци во текбол.

Во неодамнешното интервју за Супер радио и InPress тој истакна дека во Македонија за жал текболот сé уште е на ниско ниво, но состојбата полека се подобрува и во скоро време и Охрид ќе добие маси за текбол.
Инаку Пејчиновски освен за македонската репрезентација, активен е и на клупско ниво, член е на новосадскиот клуб „Лиман“, а има учествувано на 30-на турнири низ цела Европа. (Крај)

извор: ИнПрес фото: Димитар Пејчиновски

Post navigation

Previous Наскоро повторно ќе биде дозволен сообраќај и паркирање на улицата „Кеј Македонија“
Next Сребрен медал за градскиот мешан хор Vox Lychnidos на Меѓународен хорски натпревар во Херцег Нови

Слични вести

Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок? Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок?
1 min read

Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок?

Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен

Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен

„Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга „Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга

„Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.