Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • „Полициски час“ во Подгорица во пресрет на „Парадата на гордоста“

„Полициски час“ во Подгорица во пресрет на „Парадата на гордоста“

1 min read

Подгорица, 2. ноември 2014 (ИНПРЕС) – Денес во Подгорица, Црна Гора ќе се одржи втората „Парада на гордоста“.

Поради ризичноста на овој собир, полицијата денес најави своевиден „полициски час“. Според најавите, неколку часа пред одржувањето на собирот, за сообраќај ќе бидат затворени сите улици во центарот на градот.

Локалните медиуми јавуваат дека изминатите неколку дена, полицијата добила информации дека одредени групации и оваа година се подготвуваат за насилно прекинување на „Парадата“.

Истата треба да започне од пред хотелот „Црна Гора“ и ќе се движи до старата зграда на Владата на Црна Гора, како и претходните години, затоа што оваа маршута е најлесна за обезбедување.

Властите во Црна Гора претходно ги повикаа граѓаните да бидат толерантни кон учесниците во „парадата“. Митрополитот на Српската православна црква во Црна Гора Амфилохиј изјави дека не станува збор за „Pарада на гордоста“, туку за „парада на смрттa и човечкото самоуништување“. Црногорската ЛГБТ заедница го прогласи Амфилохиј за „хомофоб на годината“, на што митрополитот се заблагодари со зборовите дека тоа му е најмилото „признание“. (Крај)

извор: Вијести фото: архива

Post navigation

Previous Русија ги намалила испораките на гас во Србија поради гасната криза
Next “Политика” – Скандалот со корупцијата во ЕУЛЕКС на Косово нема крај

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.