Општина Охрид локална самоуправа
Охрид, 6. април 2026 (ИНПРЕС) – Од Општина Охрид ја известуваат јавноста дека поради големиот интерес и целосно исцрпување на предвидените средства од буџетот на општината за ранливите категории граѓани(лица со попреченост, самохрани родители, згрижувачки семејства, пензионери….) се прекинува Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување- инвертер клима уред за 2026 година.
-За останатите домаќинства јавниот повик сé уште трае се до исцрпување на средствата, информираат од локалната самоуправа. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
