Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Пораст на бројот на опслужени патници и реализирани летови во октомври на охридскиот и скопскиот аеродром

Пораст на бројот на опслужени патници и реализирани летови во октомври на охридскиот и скопскиот аеродром

1 min read
Пораст на бројот на опслужени патници и реализирани летови во октомври на охридскиот и скопскиот аеродром

Охрид, 17. ноември 2023 (ИНПРЕС) – Во октомври оваа година Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ Охрид опслужија 290.104 патници и 2.252 летови, информираат од ТАВ Македонија.

Бројките покажуваат повторен раст во бројот на опслужени патници и реализирани летови.

– Бројот на опслужени патници во октомври ги надмина бројките од 2022 година за 32%, додека бројот на летови во октомври 2023 е за 28% поголем од октомври во 2022 година, соопштија од ТАВ Македонија.


Од 29-ти октомври на двата македонски аеродроми започна зимскиот распоред на летање, што ќе трае до 31-ви март 2024 година.

Од Охридскиот аеродром моментално летаат три авиокомпании: „Чаир ерлајнс“ и „Ерелваис“ до Цирих и „Визер“ до Дортмунд, Минхен Меминген и Виена.

Аеродромот „Свети Апостол Павле“ беше сведок на одлична летна сезона, засилена со сезонските и чартер-летови до Белград на „Ер Србија“ и до Манчестер и до Лондон („Гетвик“) на ТУИ.

Инаку, за трите квартали од 2023 година, јануари – септември, најчеста дестинација за патување од Охридскиот аеродром беше Базел (21,5% удел на пазарот), потоа Виена (21%), Дортмунд (16,4%), Меминген (11,9%), Малме (9,4%), Цирих (9,3%), Амстердам (8,8%), а останатите дестинации имаат 0,5%. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Панел дискусија „Зајакнете ја зелената економија со еко-пријателска енергија“ на Универзитетот „Св. Апостол Павле“
Next Македонија и Србија потпишаа Меморандум за соработка за брза пруга од Ниш до Скопје

Слични вести

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.