Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Потпишан договорот за разграничување меѓу Црна Гора и Косово

Потпишан договорот за разграничување меѓу Црна Гора и Косово

1 min read

Подгорица, 27.август 2015 (ИНПРЕС) – Во средата попладне во Виена, Црна Гора и Косово потпишале договор за демаркација на границата меѓу двете земји. Веста за косовските медиуми ја потврдил Ардиан Арифај, советник на шефот на косовската дипломатија Хашим Тачи.

– Министерот за надворешни работи Хашим Тачи и министерот за внатрешни работи Скендер Хисенај го потпишаа договорот за демаркацијата на границата со нашиот западен сосед. – изјавил Арифај, додавајќи дека од црногроска страна потпис ставиле министерите Игор Лукшиќ за надворешни и Рашко Коњевиќ за внатрешни работи, во присуство на премиерите на двете земји.

Определувањето на границата со Црна Гора, предизвика жестоки препукување меѓу косовската опозиција и владата. Опозицијата обвинува дека со договорот на Црна Гора и се отстапуваат 12 илјади хектари земјиште. Но владата на премеирот Иса Мустафа тоа го деманира и тврди дека не е отстапен ни еден сантиметар.

– Косово го заокружи прашањето на демакарација на границата со Албанија, со Македонија а сега и со Црна гора, се надеваме дека тоа наскоро ќе го направиме и со Србија. Денешниот чин на потпишување на договорот не е значајно само за нашите две земји туку за целиот регион,бидеќи е потврда дека регионот е во период на соработка и сигурно чекори кон еворатланслата интеграција, -изјавил Тачи.

По веста за потпишаниот договор група жители протестирале во Пеќ а еден час го блокирале и патниот правец Пеќ-Рожај.

Во Косово овој договор беше презентиран како критерум на ЕУ за потпишување на спогодбата за асоциација и стабилизација.(Крај)

извор:МИА фото:архива

Post navigation

Previous Могерини- Гледам пресвртница меѓу Србија и Косово
Next Привремената грчка Влада денеска ќе положи заклетва

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.