Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • По четврти пат, денеска во Струга ќе се одржи маратонот „Весламе за ретките“

По четврти пат, денеска во Струга ќе се одржи маратонот „Весламе за ретките“

1 min read
По четврти пат, денеска во Струга ќе се одржи маратонот „Весламе за ретките“

Струга, 13. септември 2023 (ИНПРЕС) – Повеќе од 20 кајакари од различни возрасти ќе учествуваат на традиционален маратон „Весламе за ретките“ што денеска ќе се одржи на Женска плажа во Струга во организација на хотел „Боград“ и спортско рекреативниот клуб „Соларис“, јави МИА.

Организаторите соопштија дека ќе се весла по левиот брег на Охридското Езеро со пресек на езерската граница со Република Албанија и финиш во селото Радожда.

– И оваа година, по четврти пат учесниците ќе ја понесат пораката за поддршка и помош на лицата со ретки болести, но и ќе бидат нивниот глас во секојдневната борба, не само со болеста, туку и со општеството во кое се помалку наоѓаат внимание, порачуваат организаторите.

Претседателката на здружението „Ретко е да си редок“ Гордана Лолеска изрази благодарност за организацијата на настанот посочувајќи дека емпатијата кон оваа ретка заедница станува значајна алка за подигање на јавната свест не само во охридско-струшкиот регион, туку и низ целиот свет.

– Нам не ни треба само февруари за да ја покажеме свеста дека постоиме и дека сме многу силни, горди… Нам со толку поддржувачи и малку ни се 365 дена, истакна Лолеска.

извор: МИА фото: МИА

Post navigation

Previous На денешен ден загина војводата Аргир Маринче
Next Охрид најубав: 13. септември 2023 година

Слични вести

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Аеродромите во Охрид и Скопје меѓу најбрзо растечките во Европа, до мај опслужени 1,6 милиони патници Аеродромите во Охрид и Скопје меѓу најбрзо растечките во Европа, до мај опслужени 1,6 милиони патници
1 min read

Аеродромите во Охрид и Скопје меѓу најбрзо растечките во Европа, до мај опслужени 1,6 милиони патници

Еколошката свест и грижата за животната средина и понатаму ни се на ниско ниво Еколошката свест и грижата за животната средина и понатаму ни се на ниско ниво
1 min read

Еколошката свест и грижата за животната средина и понатаму ни се на ниско ниво

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.