Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Пратеник на Сириза прифаќа решението да биде само Македонија

Пратеник на Сириза прифаќа решението да биде само Македонија

1 min read

Атина, 29. март 2016 (ИНПРЕС) – Изјавата на партеникот на Сириза дека решението за проблемот со името, меѓудругото, може да биде и „Македонија“ предизвика лавина рекации во Грција.

Бура од негативни реакции во грчката јавност по изјавата на пратеникот од редовите на Сириза, Макис Балаурас дека не би го отфлил предлогот решението на прашањето со името да биде едноставно Македонија, јавува допинсикот на МРТ од Атина.

Во интервју за грчко радио, тој изјави дека за него се прифатливи имињата како Северна Македонија или Славомакедонија, но дека не би ја отфрлил ниту можноста решението да биде едноставно Македонија.

– Огромна бомба утринава фрли пратеникот на Сириза, Макис Балаурас, кој што рече дека нема проблем да го прифати називот Македонија за Скопје, информира телевизијата Стар.

– Сензација предизвика изјавата на пратеникот на Сириза дека нема да ја отфрли можноста на Скопје да му го додели името Македонија. Неколку денови по тензијата со министерот за миграција Јанис Музалас, кој што по грешка Скопје го нарече Македонија, доаѓа и изјавата на Макис Балаурас од Сириза со која што дополнително се фрла масло во огинот, коментира порталот NewsBeast.gr.

Од опозициската Нова Демократија го повикаа грчкиот премиер Алексис Ципрас да заземе јасна позиција во врска со оваа изјава која што ја потценувала националната линија за името.

– Но, постојат и многу други истакнати членови на Сириза, кои што дадоа исти па дури и полоши изјави. И сето тоа во период кога водиме клучни дипломатски битки, се вели во соопштението на Нова Демократија.

Грчки владини извори пак, се дистанцираат од оваа изјава на Балаурас, нагласувајќи дека владината позиција за името на соседната земја е јасна и позната, а тоа е сложено име со географска одредница за вкупна употреба. (Крај)

извор: МРТВ фото: МРТВ

Post navigation

Previous Протестите во Тирана завршија со судири со полицијата
Next Киев, Белград и Софија најризични европски градови за живеење

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.