Охрид, 6. мај 2026 (ИНПРЕС) – Одлични резултати за хорот и неколку ученици од ОУ „Братство Единство“ на Регионалниот хорски и оркестарски натпревар организиран од Здружението на музички педагози (ЗМП).
Училишниот мултиетнички хор под раководство на наставникот м-р Бурим Хидри освои прва награда со 96 поени и со тоа се здоби со право да учествува на Државниот натпревар што се одржува во Кавадарци.
Во категоријата за вокална интерпретација под менторство на м-р Хидри, учениците Калина Шешова (VI одд.) и Димитар Димоски (IX одд.) освоија први награди со 96 поени и обезбедија учество на државниот натпревар што ќе се одржи во Штип. Прва награда со 92 поени освои и Ајџан Реџеп (VII одд.), а втора награда со 89 поени освои Кимете Демо (VIII одд.). (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес
