Општина Охрид локална самоуправа
Охрид, 9. април 2026 (ИНПРЕС) – Од Општина Охрид ја известуваат јавноста дека поради големиот интерес и целосно исцрпување на предвидените средства од буџетот на општината за останатите граѓани се прекинува Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување – инвертер клима уред за 2026 година.
Вкупната вредност за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување – инвертер клими изнесуваше 1.500.000, од кои половината беа предвиде за домаќинства кои имаат лице со попреченост, самохрани родители, згрижувачки семејства, пензинери(корисници на старосна пензија, инвалидска пензија и семејна пензија во висина до 30 000 денари по пензионер, односно за сопружници пензионери вкупно до 60 000 денари) и семејства кај кои вкупниот месечен приход не надминува 2 минимални плати, а другата половина за останатите домаќинства. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес
