Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Претседателот Иванов ќе присуствува на погребот на Жељу Желев

Претседателот Иванов ќе присуствува на погребот на Жељу Желев

1 min read

Скопје, 1. февруари 2015 (ИНПРЕС) – Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ќе присуствува на погребот на поранешниот бугарски претседател Жељу Желев.

Во 2010 година Иванов го награди Желев со највисокиот македонски орден „8-ми Септември“ за неговите големи заслуги во процесот за признавање на независноста на Република Македонија. Во писмото до претседателот Росен Плевнелиев, Иванов подвлекува дека „Желев беше вистински пријател на Република Македонија“.

– Република Македонија никогаш нема да ја заборави неговата улога во процесот за меѓународно признавање под нејзиното уставно име. Ние сме благодарни за неговиот личен придонес во изградбата, развојот и зајакнувањето на билатералните односи, се вели во писмото на Иванов.

На погребот на Желев ќе присуствуваат уште и претседателите на Албанија и Косово, Бујар Нишани и на Косово Атифете Јахјага.

Бугарија денес се простува од претседателот Жељу Желев во патријаршиската катедрала „Свети Александар Невски“ во Софија. (Крај)

извор: Бгнес фото: архива

Post navigation

Previous Пронајден арсенал оружје во воз во Србија
Next Папата ќе го посети Сараево на 6-ти јуни

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.