Варна, 31. август 2015 (ИНПРЕС) – Авионот со кој патувал бугарскиот премиер Бојко Борисов вчера го имал вториот дефект во последните шест месеци поради што пилотот морал да изврши принудно слетување на аеродромот во Варна од каде претходно полетал, соопштија неговиот кабинет и министерството за сообраќај.
Уредот за слетување на авионот од типот „Falcon 200“ не се повлекол по полетувањето, по што воздухопловот морал да кружи над Црното Море за да потроши дел од горивото, според процедурата за принудно слетување, а потоа слетал во Варна, соопшти министерството.
Борисов требаше да се врати во Софија во неделата навечер со друг авион, откако не успеа да стигне на свеченоста во Пловдив. (Крај)
извор: Макфакс фото: архива
