Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Пристигна првата група холандски туристи во Охрид

Пристигна првата група холандски туристи во Охрид

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 16. мај 2023 (ИНПРЕС) – Со чартер на холандскиот туроператор „ТУИ“, на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“ слета првата група холандски туристи за сезонава.

Охрид и убавините се непресушен извор за истражување за холанѓаните. Меѓу туристите кои допатуваа денес имаше такви кои за првпат се во Охрид, а други кои биле дури и неколку пати.
Според најавите од ТУИ оваа година на охридскиот аеродром ќе има четири чартер летови неделно од Холандија и два од Велика Британија.

Можно е да е слика од 9 луѓе и воздухоплов

Првиот човек на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски, рече дека во првиот квартал годинава остварени се 22% повеќе ноќевања на туристи од Холандија во споредба со истиот период од 2019 година, што се потенцира како најдобра досега.

– Се истакнуваат неколку дестинации , тоа се туристите од Турција, Португалија, Србија, Босна и Херцеговина, Холандија, Романија, каде имаме подобри резултати споредбено со 2019 година, рече Јаневски.

Извршниот директор на ТУИ Холандија, Аријан Kерш истакна дека низ годините Mакедонија е особено интересна дестинација за холандските туристи

Можно е да е слика од 16 луѓе, воздухоплов и текст

– Задоволни сме што сме тука повторно и што интересот на Холанѓаните е навистина голем, за што потврда е целосно исполнетиот прв лет. Се надевма ова лето да ги надминеме бројките од 2019 година која беше најдобрата што сме ја имале, така што уште еднаш, се надеваме дека ќе имаме задоволни туристи, вели Керш.

Со ова, но и со најавените нови авио линии очекувањата се да бидеме во чекор со светските туристички текови, сé со цел зголемување на бројот на странските туристи, а со тоа и зголемен девизен прилив по основ на туризам. Прогнозите на АППТ за годинава се над 3,2 милиони ноќевања и 500 милиони долари од туристички промет оваа година. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Гинисов рекорд за најдолго готвење – непрекинато цели 100 часа
Next Повторно прекин во водоснабдувањето на дел од улиците „Дејан Војвода“ и „Македонски Просветители“

Слични вести

Здравје: Колку брзо треба да истрчате еден километар според вашата возраст? Здравје: Колку брзо треба да истрчате еден километар според вашата возраст?
1 min read

Здравје: Колку брзо треба да истрчате еден километар според вашата возраст?

Концертот „MTV Greatest Hits“ на Битолскиот оркестар DIVA следната недела во Охрид Концертот „MTV Greatest Hits“ на Битолскиот оркестар DIVA следната недела во Охрид
1 min read

Концертот „MTV Greatest Hits“ на Битолскиот оркестар DIVA следната недела во Охрид

Граѓаните со апел навремено да се одржува зеленилото долж  патеката Канео-Плаошник-Лабино (Фото) Граѓаните со апел навремено да се одржува зеленилото долж  патеката Канео-Плаошник-Лабино (Фото)
1 min read

Граѓаните со апел навремено да се одржува зеленилото долж  патеката Канео-Плаошник-Лабино (Фото)

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.