Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Белград/Приштина, 27. јануари 2016 (ИНПРЕС) – Премиерите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Иса Мустафа денеска ќе имаат средба во Брисел, со што ќе продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина на високо ниво.
Главна тема на разговорите, кои ќе се водат со посредство на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, ќе биде формирањето на Заедницата на српските општини во Косово, но се очекува да стане збор и за пресудата за еден од лидерите на косовските Срби, Оливер Ивановиќ, како и за воспоставување авиолинија меѓу Белград и Приштина и за употребата на регистарските таблички на возилата.
Одржувањето на денешната рунда разговори беше неизвесно, бидејќи Мустафа првично најави дека нема да патува надвор од Косово поради одлуката на Брисел да ја одложи либерализацијата на визниот режим за патување на косовските граѓани во државите од ЕУ. Сепак, тој ја промени ваквата своја одлука по најавите од Брисел дека визната либерелизација ќе биде тема на неговите разговори со Могерини. (Крај)
извор: Lokalno фото: архива
