Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Продолжува поставувањето унифицирани информативни табли

Продолжува поставувањето унифицирани информативни табли

1 min read
Продолжува поставувањето унифицирани информативни табли

Охрид, 27. ноември 2024 (ИНПРЕС) – Согласно програмата за развој на туризмот, донесениот Правилник и Kаталог за стандардизација и визуелна унификација на урбаната опрема, Општина Охрид годинава постави 40 унифицирани табли на плоштадот „Св. Климент Охридски“ и низ охридската чаршија.

Проектот започна минатата година со поставување на 74 информативни табли (Фирми) на потегот од Плоштадот по улицата „Цар Самоил“, црквата „Св. Софија“ и улицата „Коста Абраш“.

За следната година е предвидено со проектот да се опфатат сите објекти во чаршијата на потегот до плоштадот Крушевска Република и кракот до пресекот на улицата „Туристичка“. Станува збор за околу 120 објекти ресторани и кафетерии, трговски и занаетчиски дуќани, со што ќе се заокружи овој дел од старото градско јадро. Понатаму ќе следува старата чаршија за која што исто така ќе биде избрано визуелно решение согласно Правилникот и Каталогот.

Каталог за стандардизирана урбана опрема содржи типизирани и стандардизирани модели на урбана опрема во повеќе варијанти (иако тие се во суштина од исти или слични материјали и исти нијанси, бои, конзоли, украси и сл).

Огласните табли (фирмите) за прв пат го содржат називот на Македонско кирилско писмо, а до него и англиска транскрипција на називот на латинско писмо.

Сите чекори на локалната власт во овој проект претходно беа дискутирани и усогласени со широката заедница на корисници на јавни трибини и меѓусебни консултации. Представниците, сопствениците и корисниците на деловните простори, дуќанџии, занаетчии, угостители, заеднички ги креираат идните чекори во заедничка координација со општинскиот проектен тим, па дури потоа се спроведуваа процедурите на набавка и поставување на опремата.

Проектот се спроведува со одобрение на Управата за заштита на културното наследство. Проектот е во согласност со Стратегискиот план за рехабилитација на светското културно наследство на охридскиот регион и препораките на мониторинг и мисиите на центарот за светско културно наследство на УНЕСКО. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous ИЈЗ: Нови 4 случаи на Covid-19, еден регистриран во Охрид
Next Повеќе од 3.000 фалсификувани гитари Gibson запленети во Калифорнија

Слични вести

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.