Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Продолжува судењето за Јалдз Веапоска – родилката на која ѝ отстранија матка, јајник и бубрег

Продолжува судењето за Јалдз Веапоска – родилката на која ѝ отстранија матка, јајник и бубрег

Продолжува судењето за Јалдз Веапоска – родилката на која ѝ отстранија матка, јајник и бубрег

Струга, 14. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во Основниот суд Струга, после 10 месеци, продолжува судењето за оштетената Јалдз Веапоска, родилка од Дебар, која на царски рез остана без матката, јајникот и бубрегот.

Обвинети се гинекологот и тогашен директор на струшката болница Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска.

Во судницата се очекува да биде презентиран извештај од извршеното супервештачење, откако одбраната и обвинителството имаа спротиставени вештачења за тоа дали вадењето на органите претставувало тешко дело против здравјето на луѓето или претставувало неопходна интервенција за спасување на животот на Веапоска.

Токму изработката на супервештачењето беше причина 10 месеци да се чека да се одржи судењето.

Според вештачењето на тројцата вештаци од Институтот за судска медицина влошувањето на состојбата на Веапоска дошло поради погрешни постапки од здравствените работници, додека вештачењето на техничкиот советник професор доктор Драге Дабески покажува дека обвинетите лекари не направиле пропуст при лекувањето на родилката, туку со дејствувањето ѝ бил спасен животот. (Крај)

извор: Слободен печат фото: архива

Post navigation

Previous ЈП „Охридски комуналец“: Мапирани 5 диви депонии, подигнати 22 м³ кабаст и зелен отпад и градежен шут
Next Еко акција на иницијативата „Збогум Буково“ за засадување садници

Слични вести

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите
1 min read

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.